Нобеловецот Хандке прогласен за персона нон грата во Косово и БиХ

Сподели со своите пријатели

Косовскиот министер за надворешни работи во заминување, Беџет Пацоли, одлучи да го прогласи писателот и добитник на Нобелова награда за литература за „персона нон грата“ на Косово, бидејќи Хандке го поддржувал Слободан Милошевиќ и ги негирал геноцидите во Косово и Босна и Херцеговина.

Loading...

– Денес решив дека Питер Хандке не е добредојден на Косово. Тој е личноста која од денес е непожелна. Негирање на злосторства и поддршка на криминалци е ужасно злосторство – напиша Пацоли на својот профил на Твитер.

На шознатиот австриски писател му беше врачена Нобелова награда на Шведската академија на науките во Стокхолм.

Претставници од повеќе држави одбија да присуствуваат на церемонијата, а претходно денес Хандке беше прогласен за персона нон грата и во Сараевскиот кантон, Босна и Херцеговина.

Leave a Reply