Низа спортски активности во Куманово по повод „11 Октомври“

Сподели со своите пријатели

По повод празникот „11 Октомври“ традиционално во Куманово ќе бидат организирани низа спортски активности на клубовите членови на Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово.

Loading...

Првиот настан започнува веќе в недела кога ЗСПК Козјак ќе го реализира својот 23-ти Меморијален марш Појак Калман на релација Сув орах, Карпино езера и обратно.

Овој продолжен викенд ќе се одржат и следните манифестации

– на 08.10 петок аикидо семинар, во сала на Аикидо клуб Агатсу на ул. Моша Пијаде бр.61 Куманово, со почеток од 19.00 час.

– од 09-11.10 Турнир во тенис (Отворено првенство) за деца до 14 години, на тениските терени кај Спортска сала Куаманово.

– на 09.10 сабота Атлетски митинг, на Атлетски полигон Соколана, со почеток од 11 часот,  натпревар за деца до 14 годидини. Од 13.30 Официјална програма.

– на 11.10 понеделник Турнир во ракомет, на отворениот терен во Соколана, со почеток од 10.00 часот.

– на 11.10 понеделник Турнир во пинг-понг во сала на Гимазија Гоце Делчев, со почеток во 10.30 час.

Loading...

– на 11.10 понеделник Велосипедска трка „Трофеј 11-ти Октомври“,  кружна трка со старт од Спортска сала на „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, со почеток во 12.00 час, а училишна трка и Детски семафор од 10.00 часот.

– На 24.10 Меѓународен Куп  11-ти Октомври во Спортско риболовство, на река Пчиња, со почеток од 8.00 часот.

Никола Ивановски