Низа прослави за Бадник утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку прослави утре ќе се одржат низ повеќе локации во Куманово, а во чест на одбележувањето на големиот христијански празник Бадник.

Loading...

Во 12 часот во просториите на поранешен Комитет прослава ќе имаат Српската заедница од Куманово и локалниот огранок на ДПСМ.

Здружението на граѓани „Коледари“ ќе ја организира најмасовната прослава која точно на пладне ќе започне на градскиот плоштад. Со зурли, тапани и греена ракија ќе се прослави празникот, на кој оваа година кумови се кумановските моторџии од Мото клубот „Мечки“.

Во текот на денот ќе се одржи и традиционалното мултиетничко чествување на ученици Македонци и Албанци во просториите на ОСТУ „Наце Буѓони“, а во организација на Отсекот за превенција при СВР Куманово, заедно со Кумановско-осоговската епархија и локалната самоуправа.

Во 20:30 часот на градскиот плоштад ќе се одржи прослава во организација на ОО на СДСМ Куманово, каде ќе се поделат лепчиња со парички, а ќе има и богата музичка програма.

Во текот на денот низ повеќе приградски и селски населби ќе се одржат помали собири на кои ќе се пали Бадниковиот оган, а коледарите рано наутро ќе ја испеат традиционалната коледарска песна.

Leave a Reply