Низа интервенции на кумановските пожарникари изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Пет интервенции бележат во текот на изминатото деноноќие пожарникарите од Тетиротијалната противпожарна единица Куманово, додека една нивните колеги од Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 11:40 до 14:35 часот во село Доброшане тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на запалена сува трева.

Во период од 12:50 до 13:45 часот во селото Долно Којнаре исто така горела сува трева, каде интервенирале двајца пожарникари.

Сува трева и нискостеблест ашума гореле и во атарот на селото Руница каде во период од 15:35 до 18:00 часот интервенирале двајца пожжарникари.

Сува трева и дабова шума гореле во село Сушево, при што во период од 18:02 до 02:22 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Сува трева повторно гаснеле кумановските пожарникари во селото Доброшане во период од 18:30 до 21:50 часот.

Интервенција од засега непознат тип имале петмина кумановски пожарникари на улицата Белановска во период од 19:35 до 20:40 часот.

Една интервенција бележат и пожарникарите на ТППЕ Старо Нагоричане. Во атарот на селото Орах се гаснела сува трева во период 15:00 до 18:00 часот. Учествувале двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

Loading...

Никола Ивановски