Матијас Штајнхубер преживеал удар од гром при планинарење на Пацифик Крест Трејл во Калифорнија, а своето искуство го споделува со луѓето ширум светот.
Тој во август планинарел со другарката и девојка му, кога над Пацифик Крест Трејл започнале да се формираат облаци. Триесет и едногодишниот Матијас посакал да го фотографира овој неверојатен поглед на височина од 2.700 метри. Се качил на Тинкер Ноб, највискиот врв во околината.
Сакаше да сними удар на гром, но го забележа најлошиот момент во животот (видео)
Во моментот кога го притиснал копчето на апаратот, се слушнал звук на грмотевице. Почувствувал силен удар во грбот, громот му ја искинал облеката.
– Видов само чад и искри. Навистина мислев дека експлодираше, раскажува неговата девојка Катрин Каузнер.

Низ телото на овој човек минале 40 милиони волти. Се онесвестил, а двете жени сето тоа го виделе на одалеченост од 100 метри. Притрчале на помош, но тогаш повторно удрил гром. Кога повикале итна помош, биле известени дека хеликоптер ќе пристигне за половина час и дека не треба да се качуваат на врвот, туку да клекнат.
– Мислев дека е мртов. Кога се освести, успеа некако да седне и гледаше во мене, раскажува Катрин.
СНИМКА КОЈА ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА: Гром удри во река и направи вистински ХАОС (видео)
Ништо не му било јасно. Бил тешко повреден и збунет, но жив. Дури кога дошле спасувачите, сфатил што се случило и станал свесен за неподносливите болки.
– Имав чувство како да ми се скршени сите коски во телото и дека горам одвнатре, вели тој.

Го транспортирале во болница, каде било утврдено дека има сериозни изгореници на грбот, рацете и стапалата, што едвај чекорел. На главата му останала лузна долга седум сантиметри. За среќа, органите останале сочувани и по недела дека заминал на домашно лекување.
Научници од американската Национална мрежа за детекција на громови велат дека громот кој на 22 август го погодил Тинкер Ноб имал јачина од 78.000 ампери. Обичниот домашен осигурувач има јачина од 16 ампери.
Застрашувачка снимка: Момент кога гром удира во човек (видео)
Матијас повеќе од месец дена поминал на рехабилтиација во центарот во Инсбрук, а најмногу потешкотии му создало чекорењето.
– Тоа е како да одите по врел асфалт, па некој ќе се затрча и ќе ви скокне на прстите, раскажува тој.


