Нива со житни култури изгоре во Алгуња

Loading...
Сподели со своите пријатели

Нива насадена со житна култура вчера била опожарена во атарот на селото Алгуња во општината Старо Нагоричане.

– На 17.06.2025 во 16.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Алгуња, општина Старо Нагоричане настанал пожар во нива заседена со житна култура, сопственост на .П.(54) од село Алгуња.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станувало збор за нива со жито.

На терен интервенирале двајца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане во период од 15:40 до 19:25 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран патот од Клечовце до Бељаковце. Димитриевски и Трајановски на увид (ВИДЕО)