Ниту кафе, ниту вино: Ова е најштетниот пијалак за забите

Сподели со своите пријатели

И покрај многуте трикови, за побела насмевка, се уште нема доволно добар трик, освен добрата стоматолошка нега.

Loading...

За да ја зачувате светлата насмевка, не мора да се откажете од шолја кафе или чаша црвено вино, бидејќи ова не се главните „виновници“ за извалканите заби, стоматолозите откриле дека кафето и виното помалку ги оштетуваат забите од чајот.

Постојат неколку работи на кои шминката едноставно не може да  помогне, а светлата насмевка е една од нив.

 

 

За жал, професионалното избелување на забите може да чини многу. Не е ни чудо што многумина се обидуваат да ја зачуваат својата блескава насмеска. Ако имате навика да го започнете денот со кафе и да го завршите со чаша црвено вино, често може да се најдете во потрага по паста за заби со голема „моќ за избелување“.

„Вистина е дека чајот ги обојува забите повеќе од кафето поради високата концентрација на танин“, вели Черн, додавајќи дека танините се збир на горчливи и антиинфламаторни соединенија. Не е изненадувачки што таа објаснува дека зависи од содржината на танин во чајот.

Loading...

„Количината на танин во кој било вид чај варира од производител до производител, но со сигурност може да се каже дека црниот чај има најголема количина, додека зелениот чај има многу помала количина“, вели Черн.

Исто така, многу чаеви од билки се без танини.Чаевите без танин вклучуваат повеќето чаеви без кофеин или билки, како што се оние направени од ѓумбир, шипинка, камилица, јасмин и хибискус.

 

 

Само затоа што црните чаеви се богати со танини, не значи дека треба да ги избегнувате.Сите чаеви имаат здравствени придобивки и ова не е исклучок.

Како да спречите дамки на забите предизвикани од пиење чај:

Додадете малку млеко во чајот. Иако изгледа речиси премногу очигледно, но ова ќе ја осветли бојата.

Loading...

Ако сакате да го пиете чајот без млеко, тогаш можете да пиете и чај преку сламка, што го минимизира контактот на течноста со забите.

Пиење вода и четкање на забите по консумирање чаеви со висока содржина на танин, исто така, може да помогне.