Ниш ќе биде домаќин на заедничката владина седница на Србија и Македонија

Сподели со своите пријатели

Ниш ќе биде домаќин на заедничката седница на Владите на Република Македонија и Република Србија која треба да се одржи до крајот на март, посочи вчера од Куманово српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ при протоколарната средба со градоначалникот Максим Димитриевски.

По две години пауза поради изборните циклуси, но и политичката сосотјба помеѓу двете земји, повторно ќе продолжи одржувањето на заеднички седници. Иако првично се појавија информации дека ќе се одржи во Македонија, а домаќин ќе биде Куманово, денеска оваа информација ја демантираа и градоначалникот Максим Димитриевски и амбасадорката Дивјак Томиќ.

– Во 2013 година е одржана првата седница на двете влади и тогаш е договорено на годишно ниво да се одржуваат заеднички седни наизменично во Србија и во Македонија. Последната заедничка седница е одржана во 2015 година, во 2016 и 2017 година не е одржана од објективни причини, беа тоа изборни години, имаше и други проблеми поради кои не беше погодно да се договори термин. Бидејќи Србија сега е на ред, ова беше договорено минатата година при посетата на Заев во Белград, да биде во првиот квартал оваа година и тоа ќе биде сега во март, а од наша страна е договорено тоа да биде во Ниш, рече српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ.

 

Loading...

 

Амбасадорката Дивјак Томиќ изрази надеж дека ќе се почитува редот секоја година да се одржуваат заедничките седници, затоа што сега, како што посочи, сега е стабилен период без избори во двете држави.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски потврди дека седницата  се одржи кон крајот на март, но дека останатите детали се уште не се утврдени.

Како што брифираше градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, до Владата на Република Македонија градот ќе испрати апликација да биде домаќин следната година на владината седница на двете држави.

Leave a Reply