Никој не знае до колку ќе трае гласањето и изборниот молк

Сподели со своите пријатели

До колку ќе трае денеска гласањето и изборниот молк засега не знае никој, официјално до 19 часот, но ќе се продолжи на оние места на кои ќе се затекнат гласачи и по 19 часот ќе им биде дозволно да гласаат.

Loading...

Изборниот молк пак, трае се додека и изборите, појаснува Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија.

– Изборниот молк трае додека трае гласањето, кога трае до 19 часот, минатата година до 21, сега кажуваме сите оние кои ќе се затечат на местото на гласање според изборниот законик треба да им се дозволи да гласаат, бидејќи има големи гужви може ќе се затекнат пред местото за гласање, треба едно лице да им каже да излезе и да ги распоредува полесно да влегуваат и да не влегуваат други лица освен тие што се затекле во дворот и ходникот, рече предмалку Даштевски на прес конференција.

Вели дека ДИК ќе ја извести јавноста кога ќе заврши официјално гласањето, но дали тоа ќе биде два часа плус или во еден часот по полноќ никој не знае.

– Не може да ви кажеме до колку часот, затоа што и ние не знаеме, ама кога ќе биде завршено ќе ве известиме, ако биде 1 часот сега заврши, ако биде за два часа за два часа, кога ќе биде завршено ДИК ќе ја извести јавноста, бидејќи евидентно е дека има луѓе кои сакаат да го остават правото, а нема да го завршат до 19 часот, а се пред избирачкото место, рече Даштевски.

Државната изборна комисија дала насоки до сите избирачки одбори испратила дополнителни мерки да се намали метежот на гласачките места, со оглед дека гласањето тече бавно.

– ДИК даде насоки до сите избирачки одбори како дополнителна мерка за намалување на гужвата по еден член на одборот да излезе надвор да ги упатува гласачите до избирачките места и да се намали чекањето, да ги распоредува гласачите, треба да се дозволи на секој да гласа. ДИК останува на претходно дадените насоки да гласаат сите кои ќе доаѓаат до 19 часот и ќе се наоѓаат пред објектот на гласање и ќе трае временски се додека не гласа и последниот гласа, рече Даштевски.

Повеќето ливчиња за гласање, подолгиот избирачки список, но и фактот дека четвртина од базата со отпечатоци од прст биле со слаб квалитет е причина што се прави метежот на избирачките места, појасни тој.

Loading...

Никола Ивановски