Хонг Конг одамна е познат по својата облакодерска архитектура и како локација на врвната светска кујна и луксузен шопинг. Но, сега станал познати и како дом на најголема концентрација на ултрабогатите луѓе во светот, оние со 30 милиони долари или повеќе, откако неодамна го претекна „Њујорк“.
Една од седум лица во Хонгконг е милионер, таму живеал и 93 милијардери, а жителите не плаќаат данок за стока и услуги.
Но, тоа е и место во кое мали, трособни станови се продаваат за 10 милиони долари – Хонгконг е најнепристапно станбено живеалиште во светот.
Членството во голф-клубовите чини 6 милиони долари. Луксузните предмети светат во излозите на продавниците кои се наоѓаа во некои од најскапите шопинг улици на планетата. Младите се занимаваат со вистинска или медицина, не нужно затоа што уживаат во тие работи, туку затоа што знаат дека на тоа добро ќе заработат. Разговорите меѓу пријателите скоро секогаш вклучуваат и расправи за пари.
Тоа е игралиште за супербогати, но како марк Фенел открива во својот извештај за Хонгконг во емисијата која се емитува на SBS, постои грдата страна на оваа гламурозна метропола која туристите не ја гледаат.
Во својот извештај Фенел пристига до богатата Мејбел Лау. Нејзиниот татко создал свое неверојатно богатство во текстилната индустрија, а таа работи како Инстаграм инфлуенсерка, здружувајќи се со врвни брендови за да произведе интересна содржина за своите 11.000 следбеници.
Мејбел живее во еден од најексклузивните предградија на Хонгконг, заливот Репулс, а кога не е дома, патува низ светот со стил.
Таа го повикала Фенел во домот од 10 милиони долари кој го дели со семејството и му ја покажала огромната колекција луксузни чанти вредни неколку десетици илјади долари.
Фенел потоа ја прашал зошто мисли дека Хонгконг е дом на толку богати луѓе како што е и таа самата, а нејзиниот одговор бил промислен.
– Мислам дека затоа што пречките за бизнис тука се релативни пиниски споредено со другите мста. Но, се чувствувам како да постои многу голема разлика во богатството во Хонг конг. Владата секогаш ја ритикуваат поради спроведување политики кои ги фаворизираат богатите наместо да им помагаат на иромашните и се чувствувам дека очигледно имаме финансиски можност за да им помогнеме на тие луѓе, рекла таа.
Во тоа лежи мрачната тајна на Хонгконг, таму каде што постои екстремното богатство и екстремна сиромаштија, а малку се прави за решавање на се поголемата разлика меѓу нив.
Далеку од луксузните трговски квартови и повеќемилионски куќи, во задушени предградија преполни со илегални станбени единици и пренатрупани поделени станови, едно од пет деца живее под границата на сиромаштијата борејќи се да обезбеди образование кое ќе го исфрли од кругот на сиромаштовото.
Триесет отсто од жителите на Хонгконг живеат во јавно сместувње, а многу повеќе години минуваат на листите за чекање. Додека чекаат, како што открива Фенел, животните услови за многумина се безнадејни.
За време на престојот во Хонгконг посетил и една 75-годишна вдовица Хар. Таа се наоѓа на листата за чекање за државно сместување и осум години живее во соба во поделен стан кој го дели со осум други семејства.
Плаќа 300 долари месечно, околку третина од својата пензија, за да жиее во малата соба која се распаѓа.
– Понекогаш можете да видите стаорци кои трчаат низ скалите, рекла пред да го покаже просторот на собата влажен од течењето на водата.
Сопственикот не сака да ја поправи бидејќи се работи за незаконска градба. Хар вели дека се чувствува безнадежно.
– Морам да се преселам, но не знам каде. Се надеавам дека владата ќе го подобри животот на луѓето од пониските слоеви. Ми требаат основните услови за живот, рекла таа.
Најбогатите луѓе во Хонгконг заработуваат 44 пати повеќе од насиромашните.
– Се во овој град како да сака да бидете богати. Но, ако сте како неа (Хар), на некој начин изгледа дека градот не знае што да праив со вас.
Владата на Хонгконг неодамна го кренала прагот на пензионирање од 60 на 65 години, присилувајќи ги луѓето да работат подолго. На улиците Фенел наидува на ред за народна кујна.
– Многу наши млади луѓе навистина се фрустрирани со станбеното прашање. Ако не доаѓате од семејство кое е богато, немате никакви очекувања или надеж за купување на сопствена куќа. Многу наши стнаови се купуваат со кинески пари и не се користат за станбени потреби. Во Хонгконг не им е грижа з апроблемос о животот, вели Нејтан Ло, 23-годишен локален политичар и најмладата личност избрана во парламентот.
Тој вели дека кризита за достапност на станбените единици во Хонконг исто така може да се поврзе со ниската стапка на наталитет во градот.
– Кога и натаму живеете со родителите како возрасна личност, тешко е да имате романтичен живот, а не и свое семејство. Затоа младите се гневни. Мораме да живееме и да имаме сигурен простор, да живееме свои животи, но владата е насочена само на тоа како да заработи пари со максимална добивка, вели Ло.