Полицијата во Нигерија пронашла 20 мумифицирани тела наредени на железна полица во она што се сомнева дека е ритуално светилиште, изјави портпаролката на полицијата Џенифер Ивегбу, јави Анадолија.
Loading...
Според неа, телата биле откриени во средата во зграда во Бенин, главниот град на јужната нигериска држава Едо.
– На местото на настанот се откриени 15 мумифицирани тела на мажи, три тела на жени и две детски тела – рече Ивегбу.
Таа додаде дека три лица се уапсени на лице место додека другите избегале.
– Во тек се интензивни напори за апсење на сите осомничени – рече портпаролката.