НИГЕРИЈА: 25 мртви при експлозија и пожар во рафинерија

Сподели со своите пријатели

Најмалку 25 лица, меѓу кои и малолетници, загинале во петокот во експлозија и пожар во илегална рафинерија за нафта во нигериската држава Риверс, соопштија локалните власти и граѓани.

Loading...

„Жртвите се многу големи…Изброивме 25 тела“, изјави водачот на локалната заедница Ифиани Омано за Ројтерс.

Тој додаде дека меѓу жртвите има и малолетници, но идентитетот на жртвите сѐ уште не е утврден.

Експлозијата се случила во петокот рано наутро, изјавија Омано и еден од локалните жители, Чиквем Годвин.

Портпаролот на локалната полиција претходно изјави дека дошло до несреќа, но не го соопшти бројот на жртвите.