Нигериец се обидел да се продаде сам себе на аукција, го уапсила исламската полиција

Сподели со своите пријатели

Исламската полиција во Нигерија уапси маж кој се обидел да се продаде на аукција за да се извлече од духовите, соопштија локалните власти.

Loading...

Алиј Идрис, 26-годишен кројач, беше уапсен кога на социјалните мрежи почнаа да кружат негови фотографии со натпис околу вратот дека е подготвен да биде продаден на аукција со почетна цена од 20 милиони наири (околу 42.000 евра).

Кано, во северна Нигерија, е една од десетината држави со мнозинско муслиманско население каде шеријатскиот закон се применува заедно со државните закони наследени од британското колонијално владеење.

„Го уапсивме затоа што се понуди на продажба, што е спротивно на исламскиот закон“, објасни Лавал Ибрахим Фаге, портпарол на исламската полиција и ги отфрли изговорите за сиромаштијата и незнаењето на младиот кројач.

Минатата недела младиот човек се шетал со натпис околу вратот, па случајни минувачи го сликале во градот и фотографиите ги објавиле на социјалните мрежи.

На новинарите им објаснил дека решил да се продаде за да излезе од „неподносливата сиромаштија“, а половина од парите сакал да им ги даде на родителите.

Тој вети дека ќе биде „верен слуга“ на кој и да го купи. Верската полиција против него не покрена никаква судска постапка.

Нигерија е првиот светски производител на нафта во Африка, но таа е тешко погодена од пандемијата на коронавирус и мерките за затворање кои влијаеја на падот на светската цена на сурова нафта.

Loading...