Ни претстои сончева и топла работна недела

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 6 до 34 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со слаб ветер од северен односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени целзиусови.

Следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура на воздухот, пишува во известувањето на УХМР за тепературата во следните денови.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.