Невремето „Конал“ нанесе штета од 40 милиони евра во Холандија

Сподели со своите пријатели

Невремето „Конал“ предизвика штета од околу 40 милиони евра кога во средата ја мина Холандија.

Loading...

Тоа денеска го соопшти Здружението на осигурувачи во првата проценка врз основа на достапните податоци.

„Гледаме штети речиси низ целата земја и за жал една млада жена на велосипед почина во Локам. Автомобилите и покривите беа оштетени од силниот ветер“, изјави Ричард Веурдинг, генерален директор на Здружението на осигурителни компании, објави NL Times.

Неколку осигурителни компании вчера известија дека веќе добиле стотици штети, главно за штети на автомобили и домови од паднати дрвја и гранки и дека има многу барања за штети од вода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Токио воведува четиридневна работна недела. Сакаат да го зголемат наталитетот

„Конал“ беше првата посилна бура што ја погоди Холандија, по невремето „Поли“ што ја погоди земјата во летото 2023 година, кога предизвика штета од над 60 милиони евра.

Според информациите на Climate Damage Monitor, поради екстремните временски услови, најголемата забележана штета се случила во февруари 2022 година, кога неколку бури во Холандија предизвикале штета од над 800 милиони евра, пренесува Танјуг.