Невреме со пороен дожд, град и електрични празнења денеска попладне го зафати регионот на кумановско.
Градот паѓаше краткотрајно, но со силен интензитет. Засега не е познато дали во одредени делови има предизвикано штета.
Од Центарот за управување со кризи упатуваат апел до граѓаните во земјава за внимателност заради силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд – опасноста се уште постои.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.
Услови за изолирана нестабилност од УХМР најавуваат и за утре.
Никола Ивановски