Бањалука ја погоди силно невреме проследено со обилни врнежи и грмотевици, а дождот преминал во интензивен град кој зафатил одредени делови од градот.
Loading...
Откако престанал градот, продолжил да паѓа дожд проследен со грмотевици, пренесуваат тамошните медиуми.
Нревремето во попладневните часови ја зафатило Сараевско-романската регија.
На Сокоц гром удрил во јазол меѓу далекувод Соколовиќ и УНИС, кој со струја напојува 30 трансформатори, што пак предизвикало прекин на електричната енергија.
Силното невреме во Сараево и намалената видливост во доцните попалдневни часови предизвикаа проблеми во авио сообраќајот. Два авиони не успеале да слетаат и биле пренасочени кон аеродромите во Белград и Загреб.