Невработените инвалиди од Куманово ќе добијат шанса за отпочнување свој бизнис (видео)

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за вработување во Куманово, денеска се одржа трибина на која беа презентирани поволностите за самовработување на лица со инвалидитет.

Loading...

Иако претходно беше најавено дека на трибината ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски и Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, истите не се појавија на закажаната средба со заинтересираните страни.

На презентација, лицата со инвалидитет добија информации како да дојдат до сопствен бизнис, со поволностите кои ги нуди државата.

Според критериумите за вработување на инвалидизирани лица, мерките пропишуваат лицата да добиваат 5000 евра неповратни парични средства со сите платени придонеси и можност за вработување на уште 2 лица со 92.000 денари.

Како што вели Директорот на Центаро за вработување Куманово, Милорад Тренчевски, оваа мерка значително ќе го олесни вработувањето на лице со инвалидитет.

Инвалдизираните лица, т.е иматели на идеја, имаат извонредна можност да оформат одржлив бизнис план и да го решат својот статус на невработено лице. Средствата за лицата со инвалидитет ќе се рефундираат како што беше и претходно регулирано со закон.

Во Агенцијата за вработување во Куманово евидентирани се 160 лица со инвалидитет – активни баратели на работа, а огласот е веќе објавен, и е во тек, со можност за негово продолжување се` додека не се исполни целосно предвидената квота.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.