Во текот на ноќта преовладуваше умерено до значително облачно време, а на крајниот североисток од земјава имаше појава на слаб локален дожд. Утрово е сончево со умерена облачност.
Сончево со мала до умерена облачност и топло е временска прогноза за денеска, од синоптичарите при Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и топло време со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени. Нов влажен бран се очекува во понеделник кон крајот на денот, како и во вторник кога ќе има и заладување.