Невообичаен европски кварт кој со задоволство би сакале да го посетите (фото)

Сподели со своите пријатели

Еден од најпознатите квартови во Копехаген и еден од најголемите негови атракции е Кристијанија, автономна зона која последните децении предизвика бројни контроверзии.

На нејзините улици се продаваат хашиш и трева, нема автомобили и жителите живеат еколошки. Генерално кога ќе дојдете во Кристијанија ќе имате впечаток како да сте се вратиле во 70-те.

Кристијанија во 197 година била основана од група хипици кога направиле дупка во оградата на касарната во близина на Копенхаген. Наскоро тоа подрачје станало познато под името „Pusher street“ затоа што таму можеле да се набават трева и хашиш, но не и тешки дроги.

https://www.instagram.com/p/BYHKO1DhCFI/

Loading...

Денес во Кристијанија живеат околу 1.000 луѓе, а секоја година ја посетуваат над половина милион туристи. нејзините жители сами ги граделе домовите, па архитектурата е разнолична и живописна

Бројни се и рестораните, обично со понуда на еколошка храна, уметничките галерии, места за собирање на вљубените во музиката, а се одржуваат и бројни работилници.

Нејзините жители доаѓаат од целиот свет, но за државјанство е потребно да се пријавите и да се надевате дека ќе го добиете, а исто и со недвижнина. Тука не можете да дојдете и да купите куќа, но како и за државјанството, се пријавувате, па ако ви „одобрат“ ќе добиете и куќа.

https://www.instagram.com/p/BYInKGAlLJW/

Скоро 40 години овој кварт постоел под посебни услови. Сепак, конфликтите на нејзините жители со властите биле се почести. Тоа повеќе го нема откако во 2011 година била договорена автономија на оваа подрачје која ја признала и данската власт. Наредната година освнована е Фондација на автономна Кристијанија, која е сопственик на целото подрачје.

Ако патувате во Копенхаген, овој кварт не го испуштајте, но при влегување добро проучете ги правилата на однесување. Со оглед на трговијата со трева, која инаку во Данска е илегална, нема фотографирања, а и трчањето е непожелно затоа што на луѓето им предизвикува тешкотии, особено околу улицата „Пушер“.

https://www.instagram.com/p/BYIdof-llBv/

Некои за среќа останел глуви на забраната за фотографирање, па така на социјалните мрежи можете да погледнете дел од овој кварт, ако веќе не одите таму.

Подрачјето најдобро ќе го посетите со водич, а локалците со задоволство ќе ве прошетаат низ оваа место. Турите започнуваат секојдневно во 15 часот, а можни се на англиски и дански.

Цените во рестораните се многу пристапни, а во некои од нив вработените не работат за плата, туку волонтираат. Во други ресторани се одржуваат и бесплатни концерти.

https://www.instagram.com/p/BYIHpD4nhcK/