Невидлива скулптура продадена за 18.00 долари – уметниците завршија на суд

Сподели со своите пријатели

Веста дека првата „невидлива скулптура“ во светот е продадена за 18.000 американски долари одекна низ целиот свет.

Loading...

Том Милер, изведувач на перформанси од Флорида, го тужеше италијанскиот уметник кој ја продаде оваа необична скулптура, изјавувајќи дека тој прв дошол до оваа идеја.

Иако се сомневаше во самиот интегритет на уметничкото дело, уметникот од Флорида се бори за сосема спротивното. Тој тврди дека тоа е негова идејна замисла и дека до оваа идеја дошол пред италијанскиот уметник Салваторе Гарау.

Том Милер, изведувач на перформанси од Гацевил, изјави дека во 2016 година ја презентирал својата невидлива скулптура пред јавноста на плоштадот во неговиот град.

 

 

Тој го нарекол своето уметничко дело „ништо“.

Loading...

„Кога го видов делото на италијанскиот уметник, помислив дека тоа е мое дело, помислив дека тој ми ја украде идејата и дека дел од неговата заработка ми припаѓа мене. Го контактирав, но тој ме одби, па ангажирав адвокат“, изјави Том Милер.

Како што изјави адвокатот Ричард Фабиани, очигледно е дека невидливото уметничко дело му припаѓа на Том Милер и дека Салваторе само ја искористил таа идеја и го продал уметничкото дело.

Затоа е важно да се препознае вистински уметник кој ги заслужува сите права и придобивки за неговата работа.

Leave a Reply