НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Научниците пронајдоа траги на живот на Венера

Сподели со своите пријатели

Климата на Венера е повеќе од непријателска, но може да го направи животот возможен. Научниците велат дека откриле гас фосфин во тешките облаци со киселини над Венера, што укажува на тоа дека микробите можат да живеат во најблискиот сосед на Земјата меѓу планетите.

Loading...

Само една планета е поблиску до сонцето од Венера, на чија површина се забележани температури од 400 степени Целзиусови.

Меѓународен тим научници тврди дека открил можни знаци на живот во атмосферата на Венера.

Научниците откриле фосфински гас, кој се произведува на Земјата од микроскопски организми во средини со малку или без кислород.

 

 

Тимот што ја направил студијата првично забележал фосфин користејќи телескоп на Хаваите, а тоа го потврдил радио телескоп во Чиле.

Loading...

Професорката Џејн Гривс од Универзитетот Кардиф во Јужен Велс вели дека била зачудена од откритието, што дошло по интересен експеримент, од кој не очекувала можно откривање на вонземски живот.

„Клучот за она што го откривме е гасот фосфин во облаците над Венера. Многу е неочекувано, бидејќи фосфинот е составен од атоми на фосфор и три атоми на водород, а водородот е навистина многу малку застапен во атмосферата и една можност е да се произведува од мали пловечки организми“, вели таа.

Leave a Reply