НЕВЕРОЈАТНО: 14-годишна кошаркарка од Кина висока 226 сантиметри (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жанг Зију е професионална кинеска кошаркарка. Она што ја разликува од другите е дека е висока 226 сантиметри, а има само 14 години.

Loading...

Зију, која потекнува од источната кинеска провинција Шандонг, предизвика големо внимание кога на социјалните мрежи беше споделено видео, на кое се гледа како постигнува 42 поени, 25 скока и 6 блокади во играта.

Нејзината неверојатна висина од 226 сантиметри ја прави вистински гигант на теренот.

Малку е деморално за другите кошаркарки кога треба да го бранат кошот од неа, или уште полошо, да ја нападнат.

Видеото покажува дека таа лесно постигнува поени, блокира противници и фаќа топки под кошот како во шега.

Во коментарите, тие многу брзо почнаа да ја споредуваат со кинеската НБА sвезда Јао Минг, висок 229 сантиметри.

На својата извонредна висина, Зију треба прво да им се заблагодари на своите родители, кои и двајцата се професионални кошаркари, татко со 213 и мајка со 198 сантиметри.

 

Loading...

Leave a Reply