НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Слон се прошета низ центарот на градот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жителите на гратчето Буте во Монтана биле сведоци на необична сцена кога слон избегал од циркусот.

Loading...

Бура и паника настана кога слонот без проблем прошета покрај бензинска пумпа, паркинг и локално казино, додека зачудените минувачи го снимиле подвигот со своите мобилни телефони.

Научниците тврдат дека слоновите никогаш не забораваат, а се чини дека нема да заборават ниту жителите на овој град, со оглед на тоа дека слоновите се егзотични животни во овој град на северозападот на САД.

Слонот, чие име е Виола, успеал да побегне од циркусот Џордан, кој од почетокот на април е на турнеја во Монтана.

Возачите со мобилните телефони го снимале слонот, кој панично го бркале вработените во циркусот кои носеле долг стап.

Слонот успеал да се лизне покрај автомобил на патот и се упатил кон паркинг недалеку од пумпата пред да стигне до населен дел од градот каде што конечно бил фатен.

Слонот не бил повреден при неочекуваната прошетка, а не предизвикал ниту материјална штета.

Локалниот новинар диџеј Бауер на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер објави дека Виола има 58 години и има азиско потекло.

Loading...

Таа побегнала додека се капела кога се исплашила од наглото сопирање на камионот.

На веб-страницата на „Јордан циркус“ стои дека денеска имаат два закажани претстави во градот, една попладне и една вечер.

Од организацијата за заштита на правата на животните, ПЕТА, изјавија дека кон слонот Виола не се постапувало хумано и дека досега во три наврати избегала: 2010, 2014 и 2021 година.