Нетфликс нема да учествува на овогодинешниот филмски фестивал во Кан

Сподели со своите пријатели

Според Variety, Нетфликс не планира никаква премиера на 75-тото издание на овој познат фестивал

Loading...

Иако Нетфликс беше првата и единствена платформа за стриминг која соработуваше со организаторите на францускиот фестивал, оваа година ниту еден филм од нивната продукција нема да биде прикажан на Канскиот фестивал, ниту пак ќе учествува во конкуренција.

 

 

Според Variety, Нетфликс не планира никаква премиера на 75-тото издание на овој познат фестивал, иако многумина се надеваа дека „Blonde“, биографскиот филм на Ендрју Доминик за животот на познатата холивудска актерка Мерлин Монро, ќе биде прикажан во Франција.

Од друга страна, Нетфликс е заинтересиран за одредени европски фестивали, па „Божјата рака“ се прикажуваше во септември во Венеција, а потоа и во италијанските кина.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 17 до 28 мај.

Loading...