Нетфликс го зголеми бројот на претплатници во третиот квартал

Сподели со своите пријатели

Во периодот од јули до септември, компанијата Нетфликс го зголеми бројот на претплатници за 2,41 милиони, на повеќе од 223 милиони, благодарение на успехот на сериите како „Stranger Things“ и „Dahmer: Monster“.

Loading...

Во претходните два квартали нивниот број е намален за 970.000, односно 200.000.

Во САД и Канада нивниот број е зголемен за околу 100 илјади, во Европа, Блискиот Исток и Африка за 570 илјади, во Латинска Америка за 310 илјади, а во азиско-пацифичкиот регион за 1,43 милиони.

Во четвртиот квартал, Нетфликс очекува 4,5 милиони нови претплатници.

По предизвикувачката прва половина од годината, веруваме дека сме на пат повторно да го забрзаме растот, наведуваат во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Нето добивката падна за 3,5 отсто во третиот квартал на 1,4 милијарди долари или 3,1 долари по акција.

Приходите се зголемија за 5,9 отсто на 7,92 милијарди долари. Кога ќе се исклучат промените на девизниот курс, тој се зголеми за 13 проценти.

Растот на приходите беше поттикнат од зголемувањето на просечниот број на платени стриминг членства за 5 отсто и зголемувањето на просечниот приход по членство за 1 отсто.

Loading...

Нетфликс во четвртиот квартал очекува приход од 7,8 милијарди долари, со што се истакнува негативното влијание на посилниот долар, кој, како што проценуваат, ќе ги намали приходите за целата година за една милијарда долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да заштедите струја додека подготвувате храна во рерната?