Нетанјаху вели дека не е крајот на демократијата; нови протести во Тел Авив

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека одлуката на израелскиот парламент да го отповика овластувањето на Врховниот суд да ги поништи владините одлуки што ги смета за неразумни и штетни не ја загрозува израелската демократија, додека во Тел Авив се одржаа нови протести против судските реформи.

Loading...

Нетанјаху за американската телевизија „Еј-би-си њуз“ изјави дека сите ќе видат кога ќе се смири ситуацијата, дека носењето на тој закон не е крај на израелската демократија.

Нетанјаху одби да каже за Си-Ен-Ен дали ќе ја слуша потенцијалната одлука на Врховниот суд за поништување на законот со кој се укинуваат овластувањата на судот, објави Ројтерс.

Следниот четврток, израелскиот Врховен суд ќе расправа за жалбата против законот усвоен од парламентот во март, со кој се ограничуваат условите за смена на премиер од функцијата.

Демонстрантите најавија нови протести за тој ден.

Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив против реформите во судството, со силно полициско присуство и немаше насилство.

Протестите започнаа во четвртокот вечерта во Тел Авив против владините судски реформи, чиј прв дел беше усвоен оваа недела, а клучниот закон со кој се отстранува овластувањето на израелскиот Врховен суд да ги укинува владините и парламентарните одлуки кои ги смета за неразумни и штетни, беше усвоен во понеделникот.

На протестите кои следеа по усвојувањето на тој закон, полицијата беше обвинета за употреба на прекумерна сила врз демонстрантите, објави „Тајмс оф Израел“.

Loading...

Началникот на полицијата Коби Шабтаи одржа состанок во четвртокот наутро на кој го повтори своето барање до полицијата да дозволи мирни демонстрации кои нема да блокираат патишта, да предизвикуваат насилство или да го нарушуваат јавниот ред.

Израелската полиција е аполитична и работи за сите граѓани, рече Шабтаи.

Тој истакна дека во четвртокот имало зголемено полициско присуство долж автопатот Ајалон во Тел Авив за да се спречи сообраќајниот метеж.

Во Њујорк во четвртокот, неколку стотици демонстранти се собраа пред израелскиот конзулат против реформите во судството, носејќи израелски знамиња.

Собирот го организираше израелската активистичка група UnXeptable, со поддршка од голем број еврејски организации со седиште во Њујорк.

За време на големите собири во Тел Авив и Ерусалим во понеделникот и рано наутро, демонстрантите со часови ги блокираа автопатите и патиштата, а полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите.

Во судирите се повредени повеќе од 30 демонстранти, а полицијата соопшти дека се повредени 14 полицајци.

Во исто време, околу 40 лица беа уапсени низ целата земја.

Loading...

Протестите против судските реформи започнаа во јануари откако Нетанјаху го објави планот.