Нетанјаху нема поддршка од САД за напад врз Иран

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свика нов состанок на неговиот воен кабинет, кој ќе започне напладне.

Loading...

Се претпоставува дека на средбата ќе се разговара за одговорот на нападот од Иран.

Кавид Менцер, портпарол на израелската влада, вели дека правото на Израел да се брани е од најголема важност по иранскиот напад во саботата вечерта

„Ние во суштина не сме нација која бара војна“, рече Менцер за Би-Би-Си, додавајќи:

„Израелците ја поминаа ноќта – мајки, татковци, деца – во и надвор од засолништата во нашата земја. Знаеме дека тираните од Техеран не оркестрираа само овој напад, но и масакрот на мојот народ на 7 октомври“.

Тој додава дека „на Израел е да одлучи како да го брани својот народ“.

Иранскиот ракетен напад врз Израел уследи по нападот врз иранскиот конзулат во Сирија претходно овој месец.

Претседателот Џо Бајден го предупреди премиерот Бенјамин Нетанјаху дека САД нема да учествуваат во контраофанзива против Иран, опција која ја фаворизира воениот кабинет на Нетанјаху по масовниот напад со беспилотни летала и ракети на израелска територија, според официјални лица.

Loading...