На Израел мора да му се дозволи слободно да дејствува против Иран, изјави израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху за време на посетата на Сочи.
Нетанјаху се состана со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.
Двајцата лидери разговараа за безбедносната координација во Сирија, за што во последните години имаат одржано повеќе од 10 состаноци.
„Безбедната координација меѓу нас е секогаш важна, а особено сега, бидејќи обидите на Иран да гаѓа цели во Израел од Сирија и да ги распореди своите ракети и да ги користи против нас се сериозно засилени во текот на изминатиот месец“, рече Нетанјаху.
Тасс пренесе дека рускиот претседател Владимир Путин ја истакнал важноста на безбедносната координација меѓу двете држави.
„Благодарение на вашите напори, нашите односи се искачија на ново ниво во однос на безбедноста и на полето на воената соработка“, рекол Путин, обраќајќи му се на Нетанјаху.