Нестабилно време и есенски температури

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно и посвежо време  со повремени врнежи од дожд можеме да очекуваме во текот на денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во јужните делови врнежите се очекува да бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во Пелагонија. Минималните температури ќе се движат од 12 до 18 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 22 до 28 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме значително постудено време за разлика од претходните денови, но и жолто предупредување за ветер од страна на порталот accuweather. Ќе биде облачно проследено со врнежи и грмежи во текот на целиот ден. Ќе дува засилен северен, односно северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе изнесува 24 степени целзиусови. Врнежи и грмежи се очекуваат и во вечерните часови кога температурата ќе се спушти за 11 степени, односно ќе изнесува 13.

И во среда времето ќе биде променливоо облачно и свежо, со локални врнежи од дожд со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. Температурата на воздухот ќе биде значително пониска во однос на претходните денови. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен
пораст на дневната температура.

 

Loading...