Несовесни граѓани повторно предизвикаа три пожари во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие, според извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи, екипата на ТППЕ Куманово бележи три интервенции за гаснење на опожарена сува трева.

Loading...

Во текот на денот било пријавено  дека во с. Проевце гори сува трева при што било интервенирано со едно ПП возило и четворица пожарникари. Интервенцијата започнала во 13:45 и траела до 14:48 часот.

Втората интервенција само неколку минути подоцна е регистрирана на Спомен Костурница, каде истотака било делувано со едно ПП возило и четворица пожарникари.

Третата интервенција која започнала во 15:50 а завршила во 16:15 часот, била на бул. Октомвриска Револуција каде истотака е пријавен пожар од опожарена сува трева.