Девојка од САД, сосем случајно откри дека момчето ја изневерува, па потоа, тоа го дозна и цела интернет-заедница.
Loading...
Сидни Кинш тоа го осознала кога добила самослик од „фраерот“, каде што тој носи очила за Сонце. На очилата јасно се гледа одраз на туѓи женски нозе дигнати и потпрени на прозорецот кај совозачкото седиште. Момчето се правдало дека таа му е девојка на другар му, но Сидни вели оти открила дека тој има уште најмалку пет други девојки.
Објавата на Тик-ток околу тоа доби два милиона прегледи и 200.000 допаѓања. Како што нагласуваат повеќе коментари, понекогаш, т.е. многу често, валканата тајна не останува тајна.
Слободан Иванов