Непрооден патот до селото Герман, се чека тешка механизација

Сподели со своите пријатели

Патниот правец од општината Ранковце до селото Герман поради снежни наноси е непрооден.

Loading...

Вчера до Регионалниот центар за управување со кризи телефонски од мештатин на селото било пријавено дека истото е отсечено.

Според извештајот кој го добивме утринава, надлежните се запознаени со овој проблем, но се уште се чека механизацијата.

– Веднаш за оваа состојба е известен дежурниот од МП Крива Паланка кој не извести дека е запознаен со состојбата на овој патен правец, дека истиот е прооден за теренски возила и дека со расчистување ќе се започне во текот на утрешниот ден откако ќе пристигне механизацијата, велат од РЦУК.

Во останатиот дел од кумановско, сообраќајот се одвива без забрани, по влажни коловози. Се апелира на внимателно возење поради можна појава на магла и голомразица.

фото: архива

Leave a Reply