Непречено се спроведува вакцинацијата во Домот за стари лица во Куманово

Сподели со своите пријатели

Непречено се одвива вакцинацијата во Домот за стари лица во Куманово, информираа денеска надлежните од јавната установа. Денеска ќе се вакцинираат 48 лица, корисници на услугите на „Зафир Сајто“. Вакцинацијата се спроведува во просториите на установата.

Loading...

– Пред два и пол месеци испративме список до нашето ресорно Министерство за труд и социјална политика. Вчера се вакцинирана 33 корисници и завршуваме со корисниците кои се пријавија за вакцинација. Остварен е контакт со потписниците на договорите, нивните блиски, тие даваат потврда… и тогаш се пристапува кон вакцинација, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

Во моментов има 131 лице сместено во домот.

Паралелно се одвива вакцинацијата и на персоналот кој се грижи за старите и немоќните лица во установата. Со „Спутник В“ се вакцинираат медицинските сестри и негувателки, вработени во установата.

– Деведесет проценти се вакцинирана, очекуваме и останатите од помошно-техничкиот персонал да се вакцинираат. Колку побрзо завршиме со процесот, толку посигурно ќе се чувствуваме сите, изјави Стојановски.

Во првиот бран на коронавирус во установата имаше само една заболена корисничка и две вработени, но во вториот бран во установата имаше десет заболени корисници од кои четири починаа.

Посетите во домот сè уште се забранети, контактите се одржуваат преку социјални мрежи, телефони.

Leave a Reply