Непослушните граѓани ќе одат во карантин кој сами ќе го платат

Сподели со своите пријатели

Сите граѓани кои нема да се придржуваат до мерките за самоизолација во домашни услови кои им се препишани доколку се вратиле од ризичните подрачја, ќе бидат ригорозно санкционирани.

Loading...

Владата на вчерашната седница донесе одлука сите кои не ја почитуваат мерката да бидат спроведени во државен карантин, против нив ќе се поведе соодветна постапка, а трошоците за престојот во карантинот ќе ги платат самите.

За ова, се задолжува Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство да подготви соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормира целокупната постапка за спроведување во државен карантин.

Никкола Ивановски

Leave a Reply