Непал: Во силен земјотрес едно лице загина, а неколку лица се повредени

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени во силниот земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди Непал, соопштија властите.

Loading...

Началникот на областа Баџура, Пушкар Кадка, рече дека е потврдено дека едно лице е мртво, но информациите се сè уште нецелосни бидејќи до многу села може да се стигне само пеш, пренесе АП.

Војниците и полициските спасувачи веќе се испратени во загрозените подрачја, рече Кадка.

Во земјотресот беа затрупани и домашни животни.

Земјотресот е почувствуван и во главниот град на Индија, Њу Делхи и во други градови во таа земја, пренесе Ројтерс.

Се случил на длабочина од 25 километри, а епицентарот бил на околу 63 километри северозападно од непалската област Џумла, на повеќе од 300 километри од главниот град Катманду.

Речиси 9.000 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7,8 степени што го погоди Непал во 2015 година.