Неофицијално: Полициски службеник загина, неколку лица повредени во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Еден загинат и најмалку тројца тешко повредени е билансот од сообраќајно дивеење на кумановец кој со својот автомобил ноќва околу полноќ правел хаос низ кумановските улици.

Loading...

Како што дознаваме неофицијално од полициски извори, возач со засега непознат идентитет најпрвин прегазил двајца полициски службеници, од кои едниот починал на лице место, а вториот млад приправник во СВР Куманово со тешки повреди е пренесен на скопските клиники.

Откако ги прегазил полицајците, започнал да бега па на мостот кај месноста Сателит во населбата Карпош, на магистралата Куманово – Крива Паланка, возачот удрил во такси возило при што се повредени најмалку две лица.

Возачот кој ги прегазил полицајците, според неофицијалните сознанија минал само со телесни повреди.

На терен доцна во ноќта беа возила на Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош и полицијата.

Повеќе детали од СВР Куманово најавија за подоцна во текот на денот.

Loading...

Leave a Reply