НЕОФИЦИЈАЛНО: Димитриевски победи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кандидатот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски победи на претседателските избори во Куманово.

Loading...

Според партиски информации до кои дојде порталот Кумановски Муабети, Димитриевски на изборите во Куманово освоил 13.882 или 14,84 отсто од гласовите. На национално ниво досега освоил околу 60.000 гласови.

Во врат му дише кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска која освоила 12,26 отсто од гласовите или вкупно 11.469 гласови.

Следува Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ, со 7,74 отсто од гласовите или вкупно 7.241 глас.

Потоа следува Бујар Османи, кандидатот на ДУИ со 6,27 отсто или 8.870 гласови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори за работите во Македонија да не бидат како досега

По него е Арбен Таравари, кандидатот на албанската опозиција со 4.121 глас или 4,40 отсто од гласовите.

Кандидатката на Левица, Билјана Банковска Цветковска освоила 1,77 отсто од гласовите или 1.658 гласови.

Најмалку гласови освоил Стевчо Јакимовски, кандидатот на ГРОМ, односно 257 гласа или во проценти 0,27 отсто.

Loading...

Излезноста била околу 47 отсто, но сепак ова се и натаму партиски неофицијални информации.

Официјалното пребројување на гласовите е многу поспоро и според ДИК, обработени се 43,35 отсто од гласовите и според нив сличен процент на галсови имаат Димитриевски и Османи.

Никола Ивановски