Необично суштество се насука на плажа во Австралија и ги остави туристите без зборови.
Туристите го пронашле мртвото суштество на песок, веројатно откако брановите го донеле на брегот за викендот.
Се испоставило дека станува збор за т.н. „санфиш“, која била широка околу два метра.
Кет Рамтон и нејзиниот сопруг Том, кои се ветеринари, во сабота ја забележале рибата на вливот на реката Кенет на југозападниот брег на Викторија во Австралија во саботата.
„Колку што разбрав, не е голем примерок, мислам дека може да порасне двојно повеќе“, изјави Кет за „Дејли Меил“ во Австралија.
Туристите Тим Ротман и Џејмс Бархам ја пронашле рибата во понеделникот.
„Отидовме по плажа и видовме голема грутка во песокот. Никогаш не сум видел такво нешто. Тоа изгледаше како вонземјанин од далечина“, изјави Ротман за Geelong Advertiser.
„Санфиш“ се најголемата коскена риба во светот. Тие можат да пораснат до три метри, до висина од над четири метри и да тежат до 2,5 тони. Тие се хранат со медузи и живеат на длабочина од околу 1.000 метри, а познато е дека повремено скокаат од водата за да се ослободат од паразити.
Експертите ги сметаат за ретки, иако не е невообичаено да се насукуваат на плажите.
Минатата година, еден примерок беше забележан дури и во Калифорнија, што ги изненади и биолозите.