НЕОБИЧЕН УСЛОВ: Сите што сакаат да живеат во овој град првин мора да го отстранат слепото црево (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Луѓето често се чувствуваат како да оставаат дел од себе кога се преселуваат на некое ново место за живеење, но еден град на Антарктикот наводно бара од потенцијалните жители буквално да го отстранат слепото црево пред да се преселат таму.

Loading...

Тоа е еден од предусловите за сите, вклучително и за децата, доколку сакаат да живеат во Villas Las Estrellas, една од двете цивилни населби на замрзнатиот континент, објави Би-Би-Си.

 

 

Жителите се претежно истражувачи, војници и нивните семејства

Лоциран во чилеанската база Фреј на островот Кинг Џорџ, огранокот има максимум 100 жители, главно истражувачи и воен персонал.

Меѓутоа, оние со долгорочни договори често носат цели семејства во спартанска населба која се состои од пошта, мало училиште, банка и други елементарни објекти.

Loading...

Превентивниот апендицитис можеби звучи како некој садистички ритуал на иницијација, но се спроведува со добра причина, како што објави Мирор.

Најблиската болница е оддалечена преку 1.000 километри од најсеверниот дел на островот, што може да биде проблем за секој кој страда од апендицитис, болест за која е потребна итна операција за да се спречи да стане опасна по живот.

 

 

Тоа е само една од мерките

Ограничените можности за здравствена заштита се и причината поради која семејствата не се особено мотивирани да забременат за време на нивниот престој.

Се разбира, ова не се единствените мерки на претпазливост што луѓето ги преземаат додека живеат во Villas Las Estrellas.

Loading...

Бидејќи температурите може да паднат под -73 степени Целзиусови, граѓаните мора да останат во затворени простории или ризикуваат да се замрзнат.

„Не можевме да го напуштиме нашиот дом со недели оваа зима“, рече Серхио Кубилос, чилеански командант на локалната воздухопловна база.

Ова е причината зошто повеќето луѓе остануваат во колонијата само во лето, кога живата достигнува 2 степени целзиусови.

Исто така, правило е дека кучињата се забранети за да се спречат да пренесуваат болести на локалниот див свет.

И покрај строгоста на правилата за жителите, Villas Las Estrellas може да се пофали со многу туристички атракции, особено со своите пингвини, кои се многу пријателски расположени поради нивниот заштитен статус.