Американски научници утврдиле дека системската ненаспаност значително ја зголемува веројатноста од смрт од мозочен удар кај луѓе со дијабетес и болести на кардиоваскуларниот систем.
Резултатите од истражувањето можат да се најдат на интернет страницата на Американската срцева асоцијација.
Loading...
Експертите препорачуваат оние кои страдаат од кардиоваскуларни болести и дијабетес да спијат најмалку шест часа во деноноќие. Инаку веројатноста од смрт како резултат на мозочен удар е два пати повисока отколку кај здрави луѓе кои спијат повеќе од шест часа во деноноќие.
До овие заклучоци експертите стигнале, набљудувајќи 1344 возрасни мажи и жени, избрани по случаен избор. Од нив одвоиле ризична група во која вклучиле луѓе со прекумерна тежина, високо ниво на холестерол и висок крвен притисок. Набљудувањата се водени во текот на 16 години.