Немири и судири во предградијата на Париз поради полициското убиство на тинејџер

Сподели со своите пријатели

Немири и спорадични судири меѓу демонстрантите и полицијата се случија синоќа во париското предградие Нантер, како израз на растечкото незадоволство кај граѓаните во локалната заедница поради убиството на тинејџер при полициска интервенција.

Loading...

Полицаец во вторникот застрелал тинејџер (17), кој подоцна починал од раните, соопшти обвинителството во Нантер, пренесува порталот Франс 24.

На видеата објавени на социјалните мрежи од BFMTV и потврдени од Ројтерс, покрај автомобил мерцедес АМГ се гледаат двајца полицајци, додека еден од нив пука кон возилото во движење.

Француското обвинителство во вторникот објави дека е покрената истрага против полицаецот кој во вторникот наутро уби тинејџер во предградие на Париз, откако младиот човек одбил да го запре автомобилот.

Во соопштението се наведува дека полицаецот пукал во правец на автомобилот и го погодил тинејџерот возач, кој починал од здобиените рани.

Се додава дека еден од патниците во тоа возило бил приведен и набрзо ослободен, но дека полицијата не успеала да го лоцира другиот патник, пренесува Ројтерс.

Според информациите, возачот и претходно ѝ бил познат на француската полиција бидејќи одбил да ги почитува сообраќајните прописи и да застане на барање на полицијата.

По рекордните 13 смртни случаи во полициските престрелки во Франција минатата година, ова е второ фатално пукање оваа година.

Loading...

Три лица беа убиени во полициски престрелки во 2021 година бидејќи одбиле да ги почитуваат сообраќајните ограничувања, а уште две во 2020 година.

Според извештајот на Ројтерс за фатални престрелки во 2021 и 2022 година, повеќето од жртвите биле црнци или од арапско потекло.