Полицијата на грчкиот остров Кос, вчера употреби солзавец во растурање на демонстрантите кои протестираат против изградбата на петте кампови за бегалци и мигранти.
Жителите на овој грчки остров, кој како и останатите острови во Егејското море се најдоа на мапата на први прибежишта на бегалците од Турција, вчера остро се спротиставија на одлуката, тука да се изградат нови кампови.
Еве дел од вчерашната атмосфера.
Loading...
Инаку, организатори на вчерашните протести се членови на Златна зора, а ксенофобичните изјави и осуда за изградба на центрите кулминираше со обид на демонстрантите да навлезат во зоната каде што се гради еден од петте скрининг центри.
На Кос за утре е најавено одржување на референдум за тоа дали жителите одобруваат таква иницијатива.