НЕМА ПОЛИТИКА И ФОТЕЉА БЕЗ ПОЛИГРАФ И ПСИХОТЕСТ! Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Сподели со своите пријатели

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Loading...

Ако се мери тежината на зборот на политичарот и директорот во иституциите, се поставува прашањето кој ни го крои општеството? Им требаат ли психо-тестови или полиграфи и на политичарите и директорите, оценуваат социолозите.

Говорницата е местото каде политичарите ја имаат моќта со својата вештина на говор да привлечат што повеќе гласачи и да ја придобијат довербата на народот. Но, откако ќе седнат во фотељите тие често знаат да направат некој лапсус или гаф. Во периодов, актулени се психо-тестовите за идните судии и обвинители, па се поставува прашањето дали и на нашите пратеници и министри им се потребни, бидејќи тие се оние кои ја креираат судбината на народот и донесуваат важни одлуки за иднината на земјата.

Ако полиграфот беше сигурен, на секој политичар треба да му закачиме лесни, мобилни полиграфи на вратот. Наскоро ќе има потреба од понапреден уред кој ќе толкува полувистинити изјави, незнаење, празни ветувања и потсетување на заборавените афери – тоа би бил мобилен Сократ кој поставува прашања и изнесува контрааргументи.

Наш единствен полиграф се медиумите и институциите, но тие често придонесуваат за конфузија и учествуваат во манипулациите на граѓаните.

Полиграфот е подеднакво добар во докажувањето на невиноста, но што правиме кога политичарот или директорот на институцијата одбива да застане пред неговата величественост полиграфот? Едно е повеќе од јасно, затоа е дека и политичарот и директорот лажат

“Да, веројатно е лажго штом одбива да направи полиграф“, констатира во реномираниот магазин “Psychology Today“, поранешниот агент на ФБИ Џо Наваро, повикувајќи се на оценката на Американската академија на науките од 2002 година. И продолжува дека полиграфот е многу несигурен, бидејќи ги мери психолошките реакции на поставените прашања, но не мери лаги. Тестот е субјективен, бидејќи зависи и од тоа како испитувачот ќе ги прочита резултатите, а тој се оправдува, во позадина има икона на Богородица.

Поранешниот лидер на лабуристите Тони Бенет ги наведе петте основни демократски прашања за оние кои се на власт: “Каква моќ имате?“, “Како ја добивте моќта?“, “Во чиј интерес го спроведувате?“, “На кого одговараш?“ и “И како да се ослободам од тебе?“ Тоа е полиграф за нашите политичари и директори и сите паднаа на тестот.

Loading...

Јас ќе додадам уште некој: “Колку си украл како политичар и како директор?“, “Колку тендери во 4 очи си стокмил?“ и “Колку си и’ лојален на Македонија?“ Ревносното новинарство наместо полиграфот треба да ги доведе во прашање и другите одлуки на политичарите и директорите кои ги издадоа, а на штета на македонскиот народ, стопанство и севкупниот живот во Македонија во изминатите 31 година, како на пример, преку приватизациите пред повеќе 27 години, како и распродажба на национални интереси, име, идентитет, јазик, историја, култура и се македонско, а кои се свеж пример и свежи во сеќавањата на сите!
Граѓаните велат дека политичарите не внимаваат што ќе кажат и не се заинтересирани како нивните зборови ќе бидат прифатени и сметаат дека им се потребни психо тестови кои ќе покажат дали може да се носат со функцијата.
“Затоа што сепак имаат обврска кон народот и треба да имаме доверба во нив, зошто според изјавите што ги даваат не секогаш изгледа дека се погодни личности.“

“За некои веќе е задоценето.“ “Мислам дека не само за политичарите туку за целиот административен апарат е потребно, тоа е како еден систематски преглед.“

Според угледни социолози, луѓето несоодветните изјави на политичарите ги доживуваат во негативна конотација и се погубни и за личноста и за партијата. Политичарите се обраќаат на маса луѓе, а не кон одредена единка и таму лежи проблемот, вели тој.

“Политичарот може да биде изместен од умот, да има некои налудничави идеи, а во тој момент кога тоа се прифатило од политиката, од народот, тоа ќе помине… тоа е контекст за поширока политичка култура, не станува збор само за тоа дали е ментално способен да крои политика.“

Ако се мери тежината на зборот на политичарот, се поставува прашањето кој ни го крои општеството и не води во животот? Во секој случај народот ја има подеднакво одговорноста и вината за однесувањата и неоднесувањата како на политичарите и директорите во институциите во системот. Ние се што не се изнаслушавме и изнагледавме во сите изминати три децении, а политичарите и директорите по старо.

Имаме пратеници и тоа во голем број кој од студенски или школски клупи директоно во пратенички односно директорски фотељи. Клиентелизам, партизација и криминал се основните одлики на македонските полчитичари и тоа без застој, без мува да ги лази и влакно од косата да им фали. Тие едноставно стануваат се’ помоќни, бидејќи живеат и се однесуваат како вистински лордови и бизнисмени.

Нема казнивост, нема одговорност или нема затвор како казнена одредба. Или сепак ќе се помират со судбината и да заминат во затвор и ќе одлежат некоја година две или пет, на крајот на слобода и ќе се однесуваат како ништо да не се случило и слатко си ги трошат, а богами има и такви дрчни криминалци од политичари и директори кои си ги бројат украдените “таланти“ броејќи ги секоја вечер како познатиот кир Јања, слушајќи го звецкањето на талантите и да заспиваат со прекрасната песна на талантите и златниците!
Е, моја Македонија, што нема да доживееш, никако да се ослободиш од арамиите и предавниците. Веќе повеќе од две и пол децении се залагам за воведување под итно на принципот психо тест и полиграф за секој кој ќе се дрзне да се занимава со политика или да директорува во Македонија!

Исто така, принципот на полиграф и психо тест треба да биде алфа и омега за секој поединец сега и за век и веков, доколку сакаме државата Македонија да ја скрасиме како вистинска европска држава и достојна да биде дел од кој и да е клуб или семејство!

Loading...

Тоа се основните свети правила за секоја држава, доколку сака да дефининара дека е клуч на демократија и праведност, односно правна држава. Кога ги спомнав пратеници од детска градинка право во пратеничка клупа, мора да има свој крај, односно под итно да се смени Законот за избор на пратеници и негово отповикување!

Во контескт на тоа пратеник може да се биде само еден мандат, ништо повеќе, а со тоа ќе се дисциплинира секое самоволие или зајдисување, секако и институт “отповикување“ на пратеник да стане свето правило, а тоа е точен кон граѓаните и сите кои гласале за пратеникот! Тоа подразбира пратеникот не смее ниту во ниеден случај да ,,тргува,,со гласот на народот и избирачот,односно да преминува од партија во партија за свои лични матријални, или други интереси.Затоа иснтитутот отповикување на пратеник под итно мора да профункиционира и стане свето правило во парламентот!

Во контекст на психо-тестот и полиграфот ќе се стави крај на секое безобразие или неписменост во редовите на пратениците или институциите на системот! Не може и не смее да се најдат неписмени или полуписмени кадри или партиски војници во најреферентни институции и министерства каде се дефинира или гради политика на државно ниво!

Имаме случаи, свежи и за смеење и за плачење, преку ноќ да се номинираат неписмени и незавршени дипломати во најавторитената институција на државата а тоа е МНР и веднаш преку ноќ да се дефинира како иден конзул или шеф на мисија и тоа не секаде, туку право во Њујорк! Зошто? Едноставно оти му била блиска на Али, или на Зоки, или на кој и да е!

Тоа е вистинска лакрдија. Исто така, не смее да се најдат во политиката лица кои се докажаа и однесуваа како антимакедонци и кои антидржавнички се дифинираа во Македонија!

Едно што мора, која и да е власт или политичка партија, а тоа е да се преиспитат сите одлуки кои се носени на штета на Македонија од кој и да е политичар или политичка партија, а на штета на Македонија, односно со кои се стори мнајголемото казниво дело, а тоа велепредавство, или кражба на државата Македонија!

Македонија е на Македонците по род и државјанство, секој тоа треба да го има на ум, и секкао секој мора да се заколни во светото писмо и на државата,а тоа е Уставот дека ќе ја брани и ќе се грижи за секоја нејзина педа како територија и секоја честивца нанејзината национала вредност како што се име,идентите, јазик историја, култуера и се македонско!

Македонија не е среќна кога самите Македонци не се сакаат и не се почитуваат. Македонија е тажна кога нејзините синови и ќерки, ја распродаваат секоја нејзина педа земја и се’ македонско за лични и бедни партиски и лични интереси.
Македонија е поробена држава, ќе рече академик Камбовски, и други слични на него, а пред се’ академик Коцаре ќе испрати силна порака, дека Македонија е разнебитена по секој основ октроирајќи од страна на преданвнички и одроднички структури кои во изминатите 5 години се инсталираа во Македонија од странски сили и центри со единствена цел Македониа да ја нема од Атласот на светот и картата на народите. Затоа, треба под итно семакедонско обидинување и по род и државјанство, и тоа веднаш оти ја изгубивме Македонија по секоја основа. Гледаме секојдневно дека сценариото за федерализација или бугаризација и албанизација станува се поизвесно? Министер за надворешни работи кој прави најголеми глупости и скандали, од топ тан дипломатија, или шверц комерц дипломатија, или како ќе ја нарече неговиот претходник Никола Димитров салама дипломатија и кој сега мудрува, а знае секој кој злодела сторил за Македонија и за македонизмот негодува народот, почнувајќи со амстердамската тројка кога се попставија фундаментите на рушење на власта на Никола Груевски, а потоа спроведување на проектот на Зоран Заев и обоената револуција спонзорирана од надвор и кој со најголема машинерија ја реализираа акцијата 2016. Реков и пак ќе повторам, ниту во најмала рака ќе бидам адвокат на Груевски или кој и да е само ја пренесувам мислата на народот, а тој вели дека оваа октроирана власт со предавнички клиентелистички и коруптивни активности и тендерство во четири очи, мора под итно да си замине. Како и опозицијата мора сериозно да се организира и да превземе конкретни чекори за доброто на народот. Окрупнувањето на опозицијата и доаѓање на нови ликови и имиња, исто така, стоп за сите политичари кои се со децении во политиката, а на сметка на тоа и гротескната со враќањето на Пенов за министер за локална самопуправа, а кога е повеќе од јасно неговиот наследник Трифун Костовски во едно интервју ќе изјави дека Пенов направил финанскиска дупка како градоначалник на Скопје од 24 милиони евра, а буџетот на Скопје беше се на се 28 милиони евра? Трифун Костовски ќе изјави: „Повторното појавување на господинот Пенов како кандидат за Министер на локалната самоуправа во Владата на Ковачевски , е загатка сама по себе. Господинот Пенов беше Градоначалник на Град Скопје во два мандати каде ја имаше мојата поддршка во разубавувањето на Градот Скопје и каде лично со сопствени средства ја разубавив Водњанска со канделабри и жардињери. Со исто такви жардињери му помогнав во разубавување на зелениот појас пред Владата на РМ и пред Македонски пошти. Исто така го возобновив стариот кеј на Вардар веднаш до Трговскиот центар со канделабри и урбана опрема, меѓу кои клупите беа во најголем број.“

Loading...

Прашувам, дали може ваква несероиозност и дрскост, а тоа се одразува и е резултатнта од нашата практика на неказнивост и дека сите криминогени појави зачинати со корупциија и злоупотреба на службена должност од кој и да е од директорче рушведџија до претседател на држава за секој криминален чин наместо да има казнена одредба според КЗП ние имаме награди!

Еднаш засекогаш, секој мора да одговара и пред законот и народот. Неминовно е пак ќе речам психо тест, полиграф и електронски анкетен лист за финаскиската состојба на секој политичар директор или што и да е, а користи државни потенцијали пари и ресурси и тоа 365 дена или 24/7, со еден збор да му се дише во врат, за да не забегаат.

Да, затоа поради вакви одродници, клиентелисти, квислинзи кои и сега кога државата страда по секоја основа и се распука по сите шавови, како на политички, така и на економски и енергетски план се дрзнуват се’ повеќе да ја задолжуваат и тоа повеќе од 4,6 милијарда евра во последните 5 и пол години, а да не инвестираат во ништо и да не изградат ниту ништо, а да не речам го зголемат стандародт на населението и помогнат на социјалните групи, имајќи предвид дека Македонија по дифолт и Устав е социјална држава, тие се втурија во кримнал, корупција, партизација и прохибиција на психотропни супстанци како што се марихуаната која и ја озаконија, и намсто младината да пие здраво млеко, тие вовлекуваат и се навлекувааат во најголемиот порок дрогата…

Затоа, под итно мора, психо тест и полиграф за секој кој ќе се дрзне да стане политичар или функционер во Македонија!

Напомена: психо-тестот да се изврши од неутрални медицински лица но од странство, експерстки тим кој нема да биде јавно обелоденет.

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Loading...