Нема плаќање на инкасатори: Нов начин на наплата во „Чистота и зеленило“

Сподели со своите пријатели

Инкасаторите вработени во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од следниот месец повеќе нема да вршат наплата за услугите на терен, туку само ќе ги достават фактурите до корисниците.

Loading...

Граѓаните потоа сметките ќе ги плаќаат во наплатни центри, кои ЈП „Чистота и зеленило“ ќе ги отвори на повеќе локации во Куманово, најавија надлежните.

Согасно нормативите за работа, како што изјави директорот на комуналното претпријатие Даниел Стојчевски, наплатата според стариот принцип повеќе не е возможна, па е набавен софтвер за наплата.

– Веќе имаме обезбедено еден наплатен центар кој што ќе биде стациониран во населба Карпош, имаме наплатен центар во центарот на градот, кој што веќе функционира, наплата може да се врши во рамките на дирекцијата на јавното претпријатие, а се прави интенција да обезбедиме наплатен центар во близина на градскиот пазар, а во наредниот период да обезбедиме уште еден наплатен центар кај реонскиот пазар за да можат луѓето кои што гравиритаат од населбите полесно и поедноставно да ги плаќаат своите сметки, изјави Стојчевски.

За новиот начин на наплата нема да има нови вработувања, туку дел од инкасаторите ќе останат да ги доставуваат фактурите за наплата, а останатиот дел ќе бидат респределени во наплатните центри.

Никола Ивановски

Leave a Reply