Нема нови заболени меѓу здравствените работници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Нема нови случаи на коронавирус меѓу здравствените работници во Куманово, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Loading...

Како што појасни тој, од сите тестирања направени по однос на земениот материјал од Куманово во текот на вчерашниот ден, присуство на вирусот е потврдено кај три лица, кои не се здравствени работници.

– Во Куманово се завршени сите тестирања кои што беа индицирани како материјал земени вчера и има тројца позитивни пациенти. Нема нови здравствени работници освен тие кои работеле во одделот за анестезиологија, медицинска сестра и одделот за инфектологија, изјави Филипче.

Во однос на ширењето и трансмисијата, претпоставка на епидемиолозите, е дека локалната трансмисија на вирусот е преку капковно ширење или нечисти раце.

– Оттука ќе апелирам луѓето да се придржуваат до препораките да се одржува дистанца и редовно да се мијат рацете, рече Филипче.

Во однос на веќе заболените лица во Куманово од вчера, станува збор за лица членови на семејството на починатата кумановка и лекари кои биле во контакт со неа.

– Во Куманово се направени епидемиолошки анкети и разговор со практично сите вработени во болницата и сите членови во семејството, не во временска разлика од неколку часа затоа што го работи ист тим од Центарот за јавно здравје сите се во врска или семејна на пациентката која почина или тие кои биле во процесот на лекување. Нема лице кое е надвор од оваа група, рече министерот Филипче.

Утре во кумановската болница ќе стигнат епидмеиолог и инфектолог кои ќе бидат на располагање на лекарскиот тим во кумановската болница, кој од вчера е помал со оглед дека четири здравствени работници се заболени од коронавирусот.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply