Нема непосредна закана од Русија, вели ирскиот премиер

Сподели со своите пријатели

Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави денеска дека нема непосредна закана за земјата од Русија, но додаде дека официјалните лица „мора да направат“ повеќе кога станува збор за следење на ситуацијата.

Loading...

„Постојат две области во кои работиме со нашите партнери. Една од нив е да се осигураме дека цевководите се побезбедни и потешки за саботажа, за да можеме да одговориме на заканата доколку се појави“, изјави Варадкар за Фајненшл тајмс.

Тој рече дека Ирска ќе остане надвор од НАТО, и покрај одлуката на Финска и Шведска да се приклучат на алијансата, и ја бранеше политиката на неговата земја за снабдување на Украина само со несмртоносна опрема и хуманитарна помош.

Варадкар додаде дека Европската унија го цени придонесот на Ирска надвор од бојното поле.

„Ниту една земја во Западна Европа, по глава на жител, не прифатила толку украински бегалци колку ние“, изјави ирскиот премиер, пренесе Танјуг.

Во последниве месеци, Ирска беше на удар на критики поради политиката на неутралност што ја усвои пред почетокот на Втората светска војна и која продолжува да се придржува за време на руската инвазија на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.