Нема недостиг на клексан, тврди министерот Филипче

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека нема недостиг на клексанот кој се користи како антикоагулантна терапија, иако е зголемена потрошувачката за него.

Loading...

Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Министерството за здравство, Филипче рече дека потрошувачката на клексан не е зголемена само кај нас, туку насекаде и оти се набавени доволно количини кои се дистрибуирани до сите болнички установи.

– Зголемена е потрошувачката на клексан насекаде. Така и кај нас, компанијата резервираше поголеми количини и тие се дистрибурани до сите болнички установи. Во меѓувреме, онаму  каде што требаше, се даваше друга форма на хепарин. Така што криза во смила на недостаток нема, туку зголемена потрошувачка, истакна Филипче.

Билјана Анастасова-Костиќ


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *