Нема договор за Гоце Делчев, ќе има нови средби на билатерална комисија

Сподели со своите пријатели

Македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, иако на маса биле поставени нови идеи и предлози околу неговиот лик и дело. Засега не откриваат детали, но најавуваат нова средба до крајот на годината и уште пет следната година.

Loading...

– Има мали поместувања кон напред и за мене тоа е важно во моментов. Процесот на разговори продолжува и понатаму, со сите тешкотии и сите чувствителни теми кои се на маса. Молам за трпение и поголема ематија и кон нас и кон колегите од Бугарија, за да можат прашањата да бидат дискутирани со што помалку емоции и тензии. Само на тој начин можат да се надминат работите, изјави вечерва копретседавачот на Комисијата од македонска страна Драги Ѓоргиев по дводневните разговори во Скопје.

Идентитетот на Гоце Делчев останува пречка на сопнување за да се постигне заедничко мислење.

Копретседателот од бугарска страна Ангел Димитров вели дека очекува одговорно однесување кон историските факти за да се постигне ситуација во која нема да има повеќе проблеми.

– Идентитетот на Гоце Делчев го определува тој самиот, а не ние. Тој е таков, каков што е. Тој е таков какво што е неговото семејство, средината во која е формиран како личност. Тоа е идентичноста, изјави Димитров.

Вели дека никој не може да им дава рокови, дури ни политичарите, и оти не водат преговори, туку научна дискусија со цел да бидат конкретни кон историските факти и документација.

На средбата не станало збор за меморандумот што Бугарија го достави до Европската комисија и за македонскиот јазик и идентитет, а мал напредок е постигнат во делот на учебниците за средновековието. Во однос на Свети Кирил и Методиј е постигната согласност дека се сесловенски и христијански просветители.

Според Ѓоргиев, ставањето на Комисијата на врвот од Договорот за добрососедство и пријателство е контрапродуктивно за работата на Комисијата.

Loading...

– Во тој договор има уште многу други членови кои треба да се исполнат и кои верувам ќе ја релаксираат политичката ситуација меѓу двете земји, рече Ѓоргиев.

Неговиот бугарски колега Ангелов вели дека работата на Комисијата е само еден сегмент од Договорот за добрососедство и пријателство.

Комисијата заседаваше по пауза од речиси една година, а причина за тоа беше пандемијата со Ковид-19, но и изборите кои се одржаа кај нас.

Од македонскиот тим во најавата за десеттиот состанок напоменаа дека покрај вообичаените теми, учебниците за историја и предлог идеите за заедничко одбележувањена историски личности и настани, Комисијата ќе дискутира и за теми и прашања кои во изминатиов период претставуваа пречка во работата или, пак, причина работата на Комисијата и нејзиниот академски и експертски карактер да бидат политизирани, со што се предизвикува штета на процесот на градење добрососедски и пријателски односи.

Комисијата е формирана со цел да најде заеднички јазик за надминување на разликите на двете земји во однос на одредени историски случувања, се одржува во затегната атмосфера, откако Софија постави ново условување пред Скопје во однос евроинтеграцискиот процес, преку појаснувачкиот меморандум испратен до земјите-членки на Унијата. Доаѓат и забелешки од бугарска страна дека целосно не се исполнува Договорот за добрососедство и дека Комисијата не работи ефикасно, но вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека ова тело работи многу поефикасно од слични вакви тела во Европа.

Заедничката македонско-бугарска комисија досега успеа да постигне одреден напредок во однос на античкиот период и средниот век, но не и согласност околу прашањето за Гоце Делчев.

Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности од значење за историјата и културата на македонскиот и бугарскиот народ, но и за другите народи на Балканот и во Европа – Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил. Усвоени за препораки и за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во земјава и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото, како и препораки за подобрување на учебниците за 7одделение/6 клас.

Билјана Анастасова-Костиќ

Loading...

Leave a Reply