Нема да ви се верува што се наоѓа во водите на Египет: Нуркачите открија нешто неверојатно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нуркачите во Египет наидоа на неверојатно ретко откритие во водите на Медитеранот.

Loading...

Нуркачите прпнашле остатоци од воен брод во долго потонатиот град Тонис-Хераклион, некогаш најголемото пристаниште во Египет во Медитеранот, и погребен комплекс што укажува на присуство на грчки трговци, соопштија властите.

Градот, кој го контролирал влезот во Египет и бил изграден на устието на Западен Нил, доминирал на оваа област со векови пред Александар Велики да ја изгради Александрија во близина во 331 година п.н.е.

Градот, како и поголемиот дел од делтата на Нил, бил уништен и потопен од земјотресот и огромните бранови што следеле по него.

Тонис-Хераклион беше повторно откриен во 2001 година во заливот Абу Кир во близина на Александрија, потсетува Ројтерс.

Воен брод откриен од египетско-француски тим, предводен од експерти од Европскиот институт за подводна археологија, потонал кога пропаднал познатиот Храм на Амун, покрај кој бил закотвен, во вториот век п.н.е.

 

Loading...

Прелиминарните студии покажуваат дека бродот со рамно дно долг 25 метри, со весла и големи пловила, бил изграден на класичен начин и дека имал и карактеристики на античка египетска конструкција, објави египетското Министерство за туризам и антиквитети.

Во друг дел од градот, тимот пронашол остатоци од големи грчки гробишта од почетокот на 4 век п.н.е.

– Ова откритие убаво го илустрира присуството на грчки трговци кои живееле во градот – изјави Министерството и објасни дека на Грците им било дозволено да се населат таму за време на доцните фараонски династии.

– Тие ги изградиле своите светилишта околу големиот храм на Амун. Тие светилишта биле уништени во исто време и нивните остатоци биле измешани со остатоците од египетскиот храм – се додава во соопштението.

 

 

Leave a Reply